Контакт: +389.70.376643 | +389.2.6092191
ул. Леринска2, 1000 Скопје, Видете ја мапата
Вино

Уште од прастари времиња, моќта на виното е препознаена како исклучителен дар од природата. Денес, грозјето, семките од грозје и виното се најжешките трендови во растечката глобална спа индустрија и стануваат неизоставен дел од огромната туристичка понуда. Винотерапијата (винската терапија) и винското спа само ја потврдуваат тезата дека „виното не е само добро за пиење, туку е добро и за вашите пори и за целото тело“.

Wine therapy

Овој оригинален (и во регионов единствен) вид на терапија кој го применуваме во Гарден Спа бутик хотелот во Скопје, Македонија, е продолжување на вековното наследство и традицијата на почит кон лозарството и културата кон виното, која во овој регион постои повеќе од 4,000 години. Македонија и Македонците со својата етнокултурна посебност имаат голема и пионерска улога во историјата на лозарството и винарство на Медитеранот и во Европа.

Лозата и грозјето, како и виното, се одамна прочуени по своите освежувачки и подмладувачки дејства со нивна консумација но и употреба на кожата. Винската терапија се смета како огромен дел од животот и релаксацијата на кралски семејства и благородници за добро здравје и кожа, и е оттогаш применета со нови техники и масти, со слични резултати – одлично здравје и кожа.

Wine therapy

Помеѓу ѕидовите на нашиот бутик хотел, Гарден Спа, Вие можете да уживате во ексклузивната винска терапија, која е достапна само во три држави во Европа, вклучувајќи ја и Македонија. Македонија е земја позната по својата богата винска традиција, датирајќи векови во минатото, и народот продолжува со својот афинитет и посветеност да одгледува вински насади и грозје, и да произведува вино. Токму затоа, нашиот спа центар ветува не само извонредни услуги и уживање со винската терапија, но и гарантира дека услугите и производите кои се користат за истата потекнуваат од локалната култура, со кое Вие би добиле уникатно и незаборавно искуство.

Wine therapy

Винската терапија која ја нудиме користи разни масти и екстракти од лоза, органско грозје (без хемикалии) и семки, како масажни масла кои придонесуваат за ваша релаксација, но и долготрајни ефекти на вашето здравје и кожа. Грозјени полифеноли, кои се дел од нашата масажа, се едни од најмоќните растителни анти-оксиданти, кои ја чистат и заштитуваат вашата кожа. Лозниот ресвератрол има многу својства за анти-стареење, кои ја намалуваат деградацијата на клетките и ја зголемуваат цврстината и затегнатоста на кожата. Други екстракти, како виниферин, вода од грозје, и винолевури, ги зголемуваат заштитувачките својства на кожата против темни дамки, и се богати со калиум и калциум.

Wine therapy

Додека уживате во вашата винска бања, или сакате да ја завршите терапијата на високо ниво после вашата масажа, можете да уживате и во вкусот на нашата селекеција на бели и темни македонски вина.

home bottom banner wine
GardenSpa
ГарденСпа Бутик Хотел
ул. Леринска 2, 1000 Скопје, Македонија
Телефон: +389.70.376643 | +389.2.6092191 | +389.2.6092192
E-mail: info@gardenspa.com.mk
© Garden Spa Hotel. All rights reserved