Нурнете во загреан базен со џакузи
Гарден Спа Бутик хотелот ве кани на врвно доживување во еден ден да се нурнете во затворениот загреан базен со џакузи, да се одморите на топлите мозаик лежалки, а потоа да влезете во финската сауна кои се дел од содржините во спа центарот на хотелот. За оние гости кои во студените зимски денови имаат посебен афинитет кон природата, нудиме релаксирачка винска масажа и освежителен третман на лицето со специјални вински креми за вински пилинг и винска маска, кои даваат моментален резултат.